Дефинивно е одлучен форматот на играње на женската Супер лига во новата сезона 2019/2020. Ќе се игра во една лига, нема да има две групи како што начелно се размислуваше претходно. Лигата ќе има парен број учесници, односно 14 тима, еден тим од 15 кој се пријавија за новата сезона нема да се натпреварува.
ЖРК Вардар ќе игра со сите тимови кои се во лигата односно ќе има 26 кола во регуларниот дел. Утре, 16.08.2019 (петок),ќе се одржи жребање за сезона 2019/20 во машка и женска конкуренција. Жребањето ќе се одржи во Хотел Континентал (конференциска сала) со почеток во 11:00 часот за Супер Лига мажи и во 11:30 за Супер Лига жени.