Приклучувањето на Спартак Москва во СЕХА-лигата значеше и нови промени, што се однесува до групите во ова натпреварување. Русите нема да бидат во групата со Вардар, како што претходно беше најавено, со оглед дека тие влегоа на местото на Татабања, која беше во групата со црвено-црните.
Наместо Спартак Москва, во групата со Вардар, ќе биде уште еден дебитант во ова натпреварување, се работи за Пекинг Спорт Универзитет од Кина.
Група А
Вардар
Нексе Нашице
Татран Прешов
Војводина
Мотор Запорожје
Пекинг Спорт Универзитет
Група Б
ППД Загреб
Мешков Брест
Еурофарм Работник
Металопластика Шабац
Веспрем
Спартак Москва
Во наредниве денови треба да биде познат и распоредот на одигрување натпревари, како и термините за истите, додека стартот на новата сезона во СЕХА-лигата е превиден за 3 и 4.септември.