Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > Slider > „Комити”: Велес било и ќе биде омилено место да се биде Вардарец, Комита и Македонец!
„Комити”: Велес било и ќе биде омилено место да се биде Вардарец, Комита и Македонец!

„Комити”: Велес било и ќе биде омилено место да се биде Вардарец, Комита и Македонец!

Навивачите на Вардар, популарните „Комити”, ги повикуваат сите свои членови во недела да се качат во воз и сите заедно да тргнат на пат за Велес, каде Вардар ќе игра натпревар од второ коло од ПМФЛ, против тимот на Борец.

Секое чудо за три дена велат… Поминаа четири и сега онаа фраза која често ја употребуваме вистински ја чувствуваме.

“Од секој пораз нам ни е мака, но што да се прави кога Вардар се сака” – Вистина е, и со ладни глави сеуште се чувствува истото. Но ниту ние ниту Вардар сме тука само за денес, туку за цела вечност, па поразот само ја прави нашата љубов посилна и ги филтрира вистинските навивачи кои се со Вардар и во најтемните денови. Останатите ќе речат дека не им се губи време, а оние кои не можат да живеат без Вардар ќе бидат во Недела на Железничка и ќе го фатат возот за Велес во 14:30ч. Останатите никогаш нема да разберат а за нашата љубов нема да се најде лек…Па што тогаш да се губи време за дебати? Картите се со пристојни цени, ‘возовите немаат гуми’, а Велес било и ќе биде омилено место да се биде Вардарец, Комита и Македонец, така било отсекогаш.

Се гледаме во Велес!
Недела, 18.08 – 17:00ч.
Собир – Железничка 13:30ч.