Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > СП: Совладана Аргентина за крај, Ќосевски и Кизиќ со свој придонес
СП: Совладана Аргентина за крај, Ќосевски  и Кизиќ со свој придонес

СП: Совладана Аргентина за крај, Ќосевски и Кизиќ со свој придонес

Вчера,  Македонската кадетска ракометна репрезентација ѝ се одмазди на Аргентина во мечот за пласман  и заврши на 13. позиција. На последниот натпревар за нас  на Светското првенство кое се игра во Скопје дојдовме до победа со три гола предост, 29-26.

Нашите момци водеа во текот на целиот натпревар, за разлика од мечот во групата сега го контолиравме текот на средбата против аргентинците. Од минута во минута во првиот дел ја зголемувавме предноста и се одлепувавме, па така на пауза заминавме со комотини седум гола повеќе. За време на одморот беше 15-8 за црвено-жолитите кадети. Во вториот дел ривалот успеа само да ја намали предноста и да биде поразен со три гола негатива, 29-26.

Од вардарци, Ќосевски  стрелаше три пати, голманот Марко Кизиќ впиша седум одбрани на оваа средба.

МАКЕДОНИЈА: Кизиќ (7 одб.), Петковски (1 одб.), Кондев 1/1, Џигероски 1/2, Мелоски, Ќосевски 3/4, Божиновски 3/4, Митиќ, Карапалевски 0/1, Симоноски 9/9, Серафимов 3/6, Костески 3/6, Младеновиќ 6/13, Ников, Ѓорѓиев 0/1, Гајиќ.