Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардарки на ЕХФ Шампионат: Седлоска 32 гола, Ѓорѓиевска 20 гола, голманките одлични Грујовска 56 и Трајкоска 30 одбрани, 5 МВП признанија
Вардарки на ЕХФ Шампионат: Седлоска 32 гола, Ѓорѓиевска 20 гола, голманките одлични Грујовска 56 и Трајкоска  30 одбрани, 5 МВП признанија

Вардарки на ЕХФ Шампионат: Седлоска 32 гола, Ѓорѓиевска 20 гола, голманките одлични Грујовска 56 и Трајкоска 30 одбрани, 5 МВП признанија

ЕХФ Шампионатот во Италија е зад нас, на него Македонија се пласираше на 6.позиција со половичен успех, три победи исто толку порази. Базата на овој кадетски тим беа вардарки, тие доминираа на списокот и на теренот. Да ги погледнеме низ бројки нивните удели.

Вардарки вкупно погодија 126  пати на шестте меча на овој турнир или во просек на секој меч 21.гол беше постигнувам од црвено-црните дами. Голманките беа нешто кое беше на ниво, тие впишаа  86 одбрани, или  околу 14 и пол  удара по одигран натпревар успеваа да „стопрат“ одличниот тандем Грујовска-Трајкоска.  МВП наградите беа категорија каде исто така доминиравме, од шест доделени дури пет беа за наши девојки.  До МВП признанијата дојдоа: Миноска, Седлоска,  Костовиќ, Дамјановска и Ѓорѓиевска.

Седлоска прв стрелец со 32.гола, освоено и МВП!

Седлоска прв стрелец со 32.гола, освоено и МВП!

Токму последната Стефанија Ѓорѓиевска успеа зад своето име покрај МВП признание да впише и уште две доделени признанија од организаторот, таа го имаше најубавиот и 3-тиот најатрактивен погодок во еден натпреварувачки ден. Грујовска имаше  две 19ки зад своето име  на дуелите, единствено Коларовска и Седлоска од вардарки секој меч погодуваа.  Пикерите Џатевска Ивана и Катерина Дамјановска успеаа да погодат заедно дури 20 пати на овие средби, што е одличен резултат за кружните напаѓачи од Вардар. Миновска смени позиција и како среден бек дојде до МВП признание. Гроздановска која е   специјалист за одбрана,  на конти погодуваше, зад своето име впиша шест гола. Петковска стандардно на ниво имаше 14 гола, или речиси 2,50 по одиграна средба.

Грујовска феноменална, најголема бројка зад името 56, одбрани два меча со 19ки

Грујовска феноменална, најголема бројка зад името 56, одбрани два меча со 19ки

Кога сме кај највисоките цифри Симона Грујовска дојде до бројот 56 одбрани, со  што  дефинитивно ја  убедливо најдобра бројка. Седлоска е прв стрелец со одлични 32 гола, односно во просек 5,33 по меч, таа беше задолжена за одлично изведување на пенали,  зад неа на листата   Ѓорѓиевска и Коларовска. Листата на нивните голови/одбрани погледнете ја во продолжение:

Фани втор стрелец, МВП и признанија за најубави голови

Фани втор стрелец, МВП и признанија за најубави голови

1. Симона Грујовска 56  одбрани

2. Седлоска Андреа 32 гола (МВП)

3. Трајкоска  Јована 30 одбрани

4. Стефанија Ѓорѓиевска 20 гола (МВП)

5. Ана Марија Коларовска 16 гола

Коларовска секој меч погодуваше, третти стрелец

Коларовска секој меч погодуваше, трет стрелец

6. Мими Петковска 14 гола

7/8. Ангела Костовиќ 11 гола  (МВП)

7/8. Ивана Џатевска 11 гола

9. Катерина Дамјановска 9 гола (МВП)

10. Сара Миновска (капитен) 8 гола (МВП)

11.Гроздановска Ангела 7 гола