Викенов нашиот црвено-црн кугларски колектив во рамки на 12.коло во Македонската кугларска лига гостуваше во Битола кај екипата на КК Хераклеа. Вардарци во еден тежок меч, со технички проблеми на 3-та стаза со многу прекини беа поразени минимално. Поради проблемите се доигруваа последните 60 кугли од втор блок на две стази.
Домаќинот победи со минимални 5:3 на овој дуел, парадоксално во сетови ние бевме подобри со 11:13. Битолчани соборија екипино 2971 “дрва“, а избраниците на Драги Димитровски стигнаа до боројката 2939. Кај нас најдобри поединци беа Миле Димковски кој повторно во битолската куглана како и изминатото гостување кај КК Хераклеа имаше најдобар учинок, тој собори 519 “дрва“. Втор најдобар поединец беше Младен Донковски со 512 “дрва“, а трет беше Бранко Митиќ со 507. Текот на мечот и постигнатите резултати може да ги погледнете во продолжение.
Ова беше прв пораз на теренот во Битола, и прв воопшто последниве три години за КК Вардар во мечевите со овој противник. Сепак црвено-црните не форсираа многу во овој меч, бидејќи за нив дуелот со КК ГТЦ Мусандра во секоја варијанта е одличувајчки за нивната цел, вицешампионската титула во МКЛ. Токму дербито за второто место не очекува следното коло. Ние моментално со 16 бода сме втори колку што има и ГТЦ на треттата позиција, во продолжение погледнете ја табелата.