Втората екипа на ЖРК Вардар оствари нова победа во рамките на најсилната супер-лига, откако вчера во малата сала на С.Ц. Јане Сандански го победи убедливо тимот на Прилеп со резултат 43:17, што е најубедлива победа за младите Вардарки во оваа натпреварувачка сезона. Трет пат сезонава го совладавме Прилеп без поголеми проблем и пред домашната публика.
Резултатска рамнотежа имаше само во првите четири минути кога резултатот на семафорот беше 2:2. Потоа до крајот на првото полувреме успеваме да направиме серија од 20:5 и на полувреме да заминеме со убедливи 22:7. Второто полувреме беше исто така само полесен тренинг за избраничките на Симе Симовски кои во 46 минута имаа предност од дваесет голови разлика. Сите играчи кои беа во составот на овој натпревар се запишаа во листата на стрелци. Шанса добија и младинските репрезентативки, кои имаа забележителен удел во високата победа. На голот беше и Мицевска, додека во листата на стрелци се запишаа Анастасија Николовска, Моника Георгиевска, Ана Станиќевска и Ива Божиноска.
Најефикасна беше Симона Стојановска со 7 голови, додека Николина Бојаџиска и Сара Митова додадоа по 6.
ВАРДАР СЦЈС: Белмезова (6 одбрани), Стојановска 7, Трпковска 1, Георгиевска 3, Митова 6, Бојаџиска 6, Тодоровска 1, Мицевска (одбрани 8 топки), Нолевска 5, Станиќевска 1, Петковска (одбрани 4 топки), Керамичиева 3, Ѓеоргиевска 1, Мишевска 3, Божиноска 2, Николовска 4.
Инаку ова беше четврта последователна победа за Вардарки во вториот дел од сезоната, а напоменавме трета во дуелите со Прилеп. Во првиот дел од сезоната триумфиравме на два пати, дома со резултат 33:24 и на гостински терен 22:28.