Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Филип Дамчески: Задоволен сум што имав придонес во победата, која за нас е многу важна

Филип Дамчески: Задоволен сум што имав придонес во победата, која за нас е многу важна

Продолжуваат добрите игри за екипата на РК Вардар 2 во рамките на првата ракометна лига. После победите против Струга и Партизан, избраниците на Зоран Петковски изминатиов викенд одиграа натпревар против тимот на Текстилец, кој го добија убедливо со резултат 35:23. Бодовите ниту во еден момент не беа доведени во прашање, со оглед дека Вардар уште од првата минута имаше водство и контрола на резултатот. Сите играчи беа расположени за игра и постигнување голови, а еден од нив беше крилото Филип Дамчески кој го заврши натпреварот со четири постигнати голови.

-Најпрво да кажам дека заслужено победивме затоа што сите од екипата одиграа максимално добро и во текот на целиот натпревар одржувавме водство. Задоволен сум што имав придонес во победата, која што за нас е многу важна. Секако дека нашите очекувања се влез во супер лигата. Имаме амбиции да бидеме први на тебелата, со тоа што ќе мора да ги совладаме сите пречки кои ни стојат на патот за да ја оствариме целта. Но мораме да знаеме дека не очекуваат се потешки натпревари, а тоа за нас треба да биде мотив повеќе за да успееме да ги совладаме наредните противници.

vardarfans-damceski

Можеби одлучувачкиот натпревар за првото место на табелата ќе се одигра во Скопје, кога на Кале треба да гостува екипата на Младост која моментално е лидер со само еден бод повеќе од црвено-црните.

-Секој нареден натпревар за нас ќе биде најважен, на кој мора да влеземе максимално концентрирано и да покажеме дека можеме да се носиме со сите екипи, иако се доста повозрасни и поискусни. Сепак најверојатно одлучувачки ќе биде оној дуел против Младост, кој го играме на домашен терен.

Звонко Ивановски