Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардаровото дуо Димитровски-Влаќевски повторно заедно
Куглање! Вардаровото дуо Димитровски-Влаќевски повторно заедно

Куглање! Вардаровото дуо Димитровски-Влаќевски повторно заедно

Судбината сакаше повторно Вардаровото дуо Димитровски-Влаќевски  заедно да делат кугларски лекции. Ова дуо повеќе од две години низ кугланите во Македонија носеше победи за црвено-црните. Тие се најдобрите македонски куглари и доскорешни членови на Вардар.

Во ланското поединечно првенство “газеа“ се по ред и на крајот ни приредија вардарово финале. Во лигата и купот во куглање постојано беa на врвот со просеци над 600 “соборени дрва“. Како што вчера Ексклузивно ви донесе Вардар фанс, Димитар  Димитровски направи трансфер во Медвешчак- Хрватска, тим во кој од ова зимо игра Бојан Влаќевски. Хрватите успеаа да го направат повторно актуелен овој тандем, тие препознавајќи го нивниот квалитет ги донесоа во редовите на загребскиот тим. Тимот од осамостојувањето на Хрватска бил шест пати првак на земјата, голем број пати бил првак и во ех Југославија. Има десет меѓународни титули: седум титули во Светскиот куп, три во европскиот и една титула во НБЦ-купот. Им посaкауваме на вардарци да бидат одлични амбасадори на македонското и вардаровото куглање идната сезона во Хрватската лига.