На првиот иден состанокот на Здружението на машките прволигаши, кое најверојатно ќе се одржи в понеделник, кошаркарските клубовите Вардар и Пелистер ќе побараат проширување на лигата. Двата тима кои испаднаа од елитата сакаат повторно да бидат дел од првата лига.
Тимовите со звучни имиња Пелистер и Вардар, инсистираат да не бидат второлигаши. Битолчани само што ја реновираа својата сала и ако бидат прволигаши, ќе имаат попристоен буџет за нормално функционирање. Црвено-црните имаат доста младински репрезентативци и често се селат од понизок во повисок ранг и обратно. Двата клуба сакаат, сега и по административен пат, да се изборат за проширување на лигата од 10 на 12 тима.