Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци со “двојна доза“ на вчерашниот ден во Бад Татцмансдорф
Вардарци со “двојна доза“ на вчерашниот  ден во Бад Татцмансдорф

Вардарци со “двојна доза“ на вчерашниот ден во Бад Татцмансдорф

Вчера мина предпоследниот цел ден од  подготовките на Вардар во Австрија. Денес е последен   ден од престојот во Бад Татцмансдорф пред утрешното заминување, истиот  ќе биде заокружен со пријателскиот натпревар против рускиот прволигаш Тосно. Таа екипа од оваа сезона ќе игра во руската фудбалска елита, откако успеа да обезбеди промоција .

Вчера беше  последен ден со два тренинга за момците на Седлоски Гоце  на подготовките. Првиот тренинг беше од полесен карактер, додека на вториот се воигруваа тактичките варијанти пред денешниот  последен пријателски меч.  Момците денес пред контролката  ќе тренираат во вежбалница, а во недела ќе имаат еден утрински тренинг, по што  шампионот се враќа во Скопје. Во нашиот главен град  тимот  ќе продолжи да се подготвува за првиот натпревар од Лигата на шампионите против Малме. Истиот  се игра на 12 јули во 19 часот на „Шведбанк“ стадионот во Малме.