Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардар е финалист во Купот, Хераклеа повторно високо поразена и во реваншот
Куглање! Вардар е финалист во Купот, Хераклеа повторно високо поразена и во реваншот

Куглање! Вардар е финалист во Купот, Хераклеа повторно високо поразена и во реваншот

Вчера во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје се одигра реванш натпреварот од Купот на Република Македонија во куглање. Во истиот се сретнаа по втор пат нашиот црвено-црн кугларски колектив и тимот на КК Хераклеа од Битола. Вардаровиот тим и во вториот меч убедливо триумфираше обезбедувајќи си финале со шампионот КК Макпетрол на убедлив начин. Во овој втор натпревар победивме со 6-2 на поени.

999

Избраниците на Драги Димитровски имаа предност и во сетови каде бевме подобри со резултат 14:10. Ние соборивме вкупно  3220 “дрва“ или 79 чуња повеќе од битолчани кои екипно имаа скор од 3141. Кај нас повторно лидерот Димитровски Димитар имаше најдобар скор во вардаровиот тим и воопшто на мечот. Вардаровиот “бисер“ собори 600 “дрва“ со што продолжи со неговата традиција да има постигнување со прва цифра “6“. Втор по бројот на соборени “дрва“ кај скопскиот тим беше Младен Донковски, тој зад своето име впиша цифра од 571. Трет резултат кај црвено-црните имаше Георг Поп-Крстев тој собори 550 “дрва“. Вардарци после овој дуел и официјално се финалисти во Купот на Република Македонија, каде влегоа со одличен резултат. Ние бевме први во квалификациите и во полуфиналето победивме и тоа убедливо во двата натпревари со нашиот ривал. Во финалето не чека Макпетрол тим кој ја брани титулата од лани која успеа да ја освои по пауза од една година откако сезоната претходно КК Вардар беше “златен“ во ова натпреварување.