Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардар утре гостува на фаворитот Макпетрол
Куглање! Вардар утре гостува на фаворитот Макпетрол

Куглање! Вардар утре гостува на фаворитот Макпетрол

Викендов на програмата е 3.коло во Македонската кугларска лига. Вардар во истото го очекува тежок натпревар на гостински терен кај тимот кој е шампион на Република Македонија последнава деценија и пол, КК Макпетрол. Натпреварот се игра утре, 21-ви октомври со почеток во 12-00 часот.

Дербито ќе се одигра во кугланата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Макпетрол е огромен  фаворит во овој дуел поради играчите промени во црвено-црниот состав во изминатиот преоден рок. Во ланските три дуели во лигата победа издвојуваше тимот на “пумпашите“, но во последниот клучен дуел во Куп Финалето момците да Драги Димитровски им приредија шок. Со таа победа го освоивме пехарот во Купот на Република Македонија. По две одиграни кола токму овие два тима имаат максимален број бодови, четири и се на врвот на табелата во МКЛ.