Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Претстојниов викенд активни ќе бидат и младинските екипи на РК Вардар
Претстојниов викенд активни ќе бидат и младинските екипи на РК Вардар

Претстојниов викенд активни ќе бидат и младинските екипи на РК Вардар

Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите на ракометните екипи на Вардар во првенството.

Својот прв натпревар во новата сезона ќе го одиграат младинците на РК Вардар предводени од тренерскиот тандем, Чивлачки и Грчевски. Тие во сабота во С.Ц Јане Сандански се домаќини на екипата на КЛ-7 Струга, дуел кој започнува од 13:00 часот. Својот прв триумф во новата сезона ќе го бараат младинците на Вардар Јуниор, кои во првото коло беа поразени на гостувањето во Радовиш. Во второто коло избраниците на Пепи Манасков се домаќини на екипата на Металург 2. Дуелот се игра во недела, од 15-00 во салата “Кале“.

После победата против “сестринскиот“ Вардар, младинската екипа на Вардар Јуниор во второто коло е домаќин на екипата на Кузман. Овој меч е закажан да се одигра во недела, со почеток од 11 часот во С.Р.Ц. Кале. Вардар пак под водство на Анжела Платон ќе гостува во Кичево на истоимената екипа. Овој натпревар на програмата е во недела, а стартува од 13:30 часот.

Пионерите на Вардар Јуниор, во рамките на петтото коло од групата 2, кое е последно во есенскиот дел ќе гостуваат во Тетово на екипата на Кромак. Овој дуел е закажан за сабота, со почеток од 10:00 часот. Не очекува дуел  во групата 1, каде повозрасните пионери на Вардар предводени од Будумир се домаќини на екипата на Металург Јуниор. Натпреварот се игра во недела во “Кале“ со почеток во 13-10.