Во сабота нов предизвик на Кугларскиот Клуб Вардар им следи дерби со тимот на КК Работнички .Колото број 10 од МКЛ е од голема важност за КК Вардар, ако не и круцијално за крајниот поредок на табелата за сезоната 2014/2015. Во сабота, 14.00 часот, во кугланата во СЦ Борис Трајковски, ќе се судрат моментално второпласираниот Работнички и моментално третопласираниот Вардар.
Вардар како домаќин на овој натпревар има силен мотив да го порази Работнички во директен дуел за второто место на табелата, како и да се одмазди за тесниот пораз од 5-3 во есенскиот дел од сезоната кој за Вардарци не беше планиран и ги помати нивните планови за сигурно вицешампионско место во МКЛ. Во секој случај, се очекува неизвесно дерби во кое Вардарци ја имаат улогата на фаворит на хартија поради домашниот терен , како и поради моменталниот играчки квалитет. Лидерите на тимовите и квалитетните играчки имиња како Димитар Димитровски, Бојан Влаќевски, Миле Димковски и Тодор Манев ветуваат возбудување на кугларските патеки