Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Александар Ѓоргиоски: Игравме одлично, без ниедна грешка во текот на целата утакмица
Александар Ѓоргиоски: Игравме одлично, без ниедна грешка во текот на целата утакмица

Александар Ѓоргиоски: Игравме одлично, без ниедна грешка во текот на целата утакмица

Кадетите на Фк Вардар во првиот полуфинален дуел од купот, забележаа победа против екипата на Металург. Со предност од 1:0 ќе започнат на реваншот, кој ќе се игра на теренот на противникот. Иако речиси цел натпревар го играа со играч помалку, сепак на крај забележаа победа.

Еден од најдобрите поединци на овој натпревар, голманот Александар Ѓоргиоски кој влезе како замена за поцрвенетиот Трајчевски, се покажа како одлична алтернатива на голот на црвено-црните.

-Тоа што игравме со играч помалце од 5-тата минута не не спречи да дојдеме до посакуваната победа. Игравме одлично, без ниедна грешка во текот на целата утакмица. Во реванш натпреварот влегуваме со позитива од 1:0 и тоа за нас е голема предност.

Нема многу одмор за кадетите, веќе викендов ги очекува дербито со Пелистер во првото пролетно првенствено коло.

-Секако, целта ни е освојување на двојната титула. Во сабота не очекува првото коло од пролетниот дел, против екипата на Пелистер. Се спремаме максимално и ќе дадеме се од себе за да ги освоиме посакуваните 3 бода, изјави Александар Ѓоргиоски за Вардарфанс.

Звонко Ивановски