Натпреварот од 11 коло во Третата Македонска кошаркарска лига помеѓу нашиот Кошаркарски тим Вардар и тимот на КК Феникс 2010 кој првично беше закажан на програмата за сабота е презакажан во нов термин. Мечот ќе се одигра во вторник на 24 Март со почеток во 20часот и 30 минути.
И ако КК Вардар на овој меч се води како гостински тим сепак ова “гостување“ ќе биде во малата сала на Спортскиот Центар Кале каде Црвено-Црните ги играат домашните мечеви во лигата . На првиот есенски дуел помеѓу истите противници нашите кошаркари победија со огромни 50 поена разлика односно со резултат 93:43 . Во мечот Вардар влегува повторно како изразит фаворит против “фенерџијата“ во третата Македонска Кошаркарска лига . Вардарци ќе се обидат да дојдат до третата последнователна победа оваа пролет. Навивачката група на КК Вардар која ги следи сите мечеви на својот миленик Комбат 87 најавува присуство и на овој првенствен меч во рамките на 11 коло .