Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардарецот Димитар Димитровски во топ-6 иделниот тим во 13-то и 14-то коло во МКЛ

Куглање! Вардарецот Димитар Димитровски во топ-6 иделниот тим во 13-то и 14-то коло во МКЛ

Со одигрувањето на натпреварот помеѓу Макпетрол и Хераклеа се комплетираше 13.коло, по крајот на истото во топ-6 идеалниот состав на колото се најде еден Вардарец. Станува збор за нашиот лидер Димитар Димитровски. Покрај тоа по одигрување на 14.коло (некомплетно) исто така во топ-6 изборот имаше место за истиот наш играч.

Во 13.коло   црвено-црниот кугларски  беше домаќини на екипата на КК ГТЦ Мусандра во мечот кој беше дуел кој го носеше епитетот “дерби за среброто“.  Вардарци во клучниот меч за вице-шампионската титула победија со 6:2 во поени, со што покажаа дека беа далеку подобри во овој дуел. Во сетови   резултатот на натпреварот беше нерешен 12:12. Избраниците на Драги Димитровски соборија  3228 “дрва“, а нашиот ривал успеа да впише скор од 3203. Во следното 14.коло нашите момци успеаа да ја “заверат“ вицешампионската титула во Македонската кугларска лига. Вардарци ја исполнија дефинитивно целата за оваа сезона, на меч пред крајот може да воздивнат целата е остварена. Во мечот  со екипата на Империал Тобако ТКС дојдовме до една тешка победа со резултат 5-3 која ни беше прекупотребна за освојување на втората позиција. Мечот во сетови го добивме со 13:11, ние соборивме 3248 “дрва“ односно 172 повеќе од нашиот противник кој успеаа да дојде до бројката 3121.

kug3-660x330-1

Нашиот лидер неприкосновениот во сите дуели, бројот еден, Димитар Димитровски во 13.коло се најде на четвртата позиција од топ-6 листата. Тој во ова коло собори 587 “дрва“ и тоа треба да се напомене дека  за противникот го имаше  нивниот најдобар поединец Лазе Атанасов против кој освои поен.  Во последното одиграно коло за нас, 14.коло Димитар освои поен со соборени 578 (361+217) “дрва“ во дуелот со Никодиновски, тој беше повторно најдобар поединец на мечот. Тој исто така и во ова коло се пласираше на четвртата позиција во топ-6.