Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардарци со последни подготовки за утрешното Куп финале
Куглање! Вардарци со последни подготовки за утрешното Куп финале

Куглање! Вардарци со последни подготовки за утрешното Куп финале

Цела недела момците од кугларскиот клуб Вардар се подготвуваат за последното возбудување оваа сезона 2016/2017  големото Куп финале. Како што веќе е познато во мечот за пехар во  Куп на Република Македонија ќе се сретнат  Кугларски клуб Макпетрол  и нашиот црвено-црн тим, Кугларски Клуб Вардар. Момците на Драги Димитровски до  истото стигнаа убедливо со прво место во квалификациите и со две победи во полуфиналниот двомеч со екипата на КК Хераклеа од Битола.

Изминатата недела црвено-црните момци ги имаа последните тренинзи и подготовки за овој натпревар. Во ова натпреварување  веќе ние ја  остваривме  целта, тоа беше пласман во самото финале. Несомнен факт е дека изразит фаворит во утрешниот дуел е екипата на КК Макпетрол тимот со убедливо најголем буџет во овој спорт во земјава. Тимот на “пумпашите“  е бранител на титулата освоена лани во Купот која ја презема од црвено-црните кои година претходно се закитија “злато“  беше големо изненадување. Финалето се игра утре, на 28.05.2017г(недела), истото е закажано со почеток во 12:00часот. За местото на одржување имаше  ждребување и се падна  куглана во “ВИП Арена“(СЦБТ). Истото ќе се игра на  патеки од 5-та до 8-та. Ова е дополнителна предност за сино-жолтите  бидејќи им се паднаа нивниот домашен терен во целост. Во ждребот учестваа две куглани и можноста во нив да се игра на патеките 1-4 или 5-8. Токму извлечената куглана и патеки во целост им се поклопија на Макетрол кои играат постојано на нив. Нашите момци утре ќе одиграат за себе безразлика на исходот, сосема одличен е успехот да се освои “сребро“ во ова натпреварување и да се биде прв зад тимот со екстра услови и финасии.