Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Маратонско огнено крштевање за Завировски!
Атлетика! Маратонско огнено крштевање за Завировски!

Атлетика! Маратонско огнено крштевање за Завировски!

По агонијата и колапсот на 13-тиот километар на Скопскиот маратон поради здравствени проблеми. Денеска по пауза од 18 дена на тренинг се врати Вардаровиот атлетичар Петре Завировски. Тој вели дека сега се чувствува добро и најави профи “сефте“ на маратон (42.195км) кој планира да го трча во септеври или октомври годинава.

Да се потсетиме претходно Завировски има два маратони истрчани во 2013 година. Но ова ќе биде прв дебитански профи маратон за Завировски. Тој сезонава ја започна одлично со две победи во Најк лигата и второ место на престижниот крос кантри Gazi Baba XC Challenge. Порано од очекуваното младиот Вардарец ке се врати на трките. Тој најавува и учество на пократките трки како подготовка за маратонот. Кој неофицијално ке биде во некој од големите Европски градови!