Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Шампионот, Макпетрол се „вадеше“ во финишот против ослабнатиот Вардар
Шампионот, Макпетрол се „вадеше“ во финишот против ослабнатиот Вардар

Шампионот, Макпетрол се „вадеше“ во финишот против ослабнатиот Вардар

Викендов се одигра дербито во Македонската кугларска лига, тимот на Вардар гостуваше кај актуелиот шампион на земјава Макпетрол. Многумина очекуваа лесна победа на фаворитот, најплатениот тим во земјава кој има четири репрезентативци во своите редови и двајца интернационалци против црвено-црните во чии редови не играа двајца клучни играчи, Манев и Милош Миливоевиќ. Сепак сино-жолтите одиграа блед дуел и не совладаа на поени со минимални во куглањето 5-3, во двобои бевме реми  3-3.

02

Вардар изненади и почна со предност 0-2, Димитровски Димитар (568) го совлада капитенот на противникот Младен Донковски, а Ајдин Душко изгуби од Митиќ Бранко (550). По одигрувањето на шестте дуели на петеките во кугларницата “Мусандра„ во ГТЦ, резултатот беше 3-3, за нас последен поентираше Ѓорѓиевски Драги (525). Во сетови „пумпашите“ водеа со 13-11, во поени беа далеку под својот просек и со 3264 дојдоа до два бода со кои победија 5-3 на оваа средба, со што направија исчекор кон титулата во сезоната 2022/2023 во МКЛ.