Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар со четврто ново име, „дома се враќа“ Радуловиќ-Величковиќ

ФК Вардар со четврто ново име, „дома се враќа“ Радуловиќ-Величковиќ

329367094_1221843988728286_1137580259960062298_n
ФК Вардар подолжува да носи нови имиња во ростерот, денес го промовираше засилувањето број-4. Станува збор за играч кој е „производ“ на црвено-црниот тим. Во информацијата која ја објавија се вели:
✍️ Мартин Радуловиќ -Величковиќ е четврто ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок. Мартин има 20 години, доаѓа од словачката екипа Слован Братислава и потекнува од нашата фудбалска академија. За сениорскиот тим на Вардар настапуваше во сезоната 2020/21 забележувајќи 25 прволигашки настапи. Мартин Радуловиќ -Величковиќ е актуелен член на младата репрезентација на Македонија
Добредојде назад во Вардар Мартин