Куглањето е една од најстарите и најпопуларни игри во светот.
Во 1930 –тите години, британски антрополог Флиндерс Петри , открил збирка на предмети во гроб на дете во Египет, кои навидум се користеле како примитивна форма на куглање (груба верзија на кугларска топка и дрвца, изработени на примитивен начин). Откриени се заедно со неколку артефакти, кои се верува дека може да датираат уште од 3200 п.н.е. Сево ова има сериозно влијание врз потеклото на куглањето , спорт стар околу 5000 години. Вистината е дека овој спорт со тек на времето се менувал и во формата и во начинот, бил тежок за професионално следење поради менувањата на правилата.
Биле измислувани невообичаени начини на куглање и нивно бодирање. Оваа игра била најпопуларна во САД (со 9 кегли) , но за краток период била забранета поради незаконско обложување. Американците на некој начин зависни од играта, пронашле начин со кој би му пркоселе на законот за нејзино укинување, и додале кегла плус, и настанало денешното популарно кугларство во Америка со 10 кегли,кој го превзеле низа земји по светот. Но во Европа и Балканот сеуште се практикува игра со 9 кегли, различна од американската варијанта.
Во Македонија играта официјално постои од 1977 година со изградбата на кугланата Мусандра во ГТЦ. Kуглањето се игра со помош на кугла која треба да се упати до кеглитеза за да ги сруши. Целта е да се срушат сите девет или што повеќе. Куглите немаат различни тежини и големини како во американското куглање. Од опрема овој спорт бара само соодветни патики, со специјални ѓонови од гума, кои благо се лизгаат, и се безбедни за разлика од обичните патики кои можат да доведат до повреда. Стандардната кугла е тешка 2,85 килограми со дијаметар од 160 милиметри додека помладите категории користат помали кугли. Должината на патеката е долга 19,5 метри а широка 1,2 метри. Куглањетово Македонија е реално спорт во кој се вложува многу малку, но истовремено спорт во кој се постигнати најголеми резултати. Во Македонија постои кугларска лига, освен во Скопје постои кугларски клуб во Битола, а постоеја и во Струга и Велес.
Една од најубавите кугларски приказни во Македонија, моментално е кугларскиот клуб Вардар , со врвни резултати во македонската лига како и на меѓународните натпревари, и меѓународните турнири. Кога се спомене спортскиот бренд Вардар , потикнува голема емоција, жар и љубов, симбол на Македонскиот спорт и дефиниција за енормни победи на сите полиња, а последните 30 години и во куглањето. Како редок и малку застапен и непознат спорт во нашата држава, после згаснувањето на Кугларскиот Клуб Вардар во 2002 година како неколку кратен шампион на Македонија, група ентузијасти-куглари, одлучија да го воскреснат името Вардар во овој спорт, создавајќи го Кугларскиот Клуб Вардар 2014 Скопје .
Главни“ виновници” за создавање на оваа екипа е семејството Димитровски. Таткото Драги е многу квалитетна и позната личност во куглањето, некогашен репрезентативен тренер, а сегашен тренер на КК Вардар. Постариот син Димитар е најдобриот македонски куглар во изминатите 15 години, воедно и претседател на КК Вардар. Помладиот син Дарко, е исто така, повеќекратен првак со повеќе различни клубови и потпретседател на КК Вардар. Прва сезона во Македонската кугларска лига на новосоздадениот клуб е сезоната 2014/2015 .
Од голем придонес и значење се и останатите моментални членови кои се во КК Вардар од неговото основање: Миле Димковски – екс репрезентативец и капитен на КК Вардар, Коста Ристевски – коосновач на КК Вардар и многугодишен успешен куглар, Марјан Згонц – многугодишен успешен куглар, Влатко Стојановски – куглар со исклучителен квалитет и многу успеси во својата кариера. Сите овие имиња се носители – столбови на КК Вардар низ сите години досега.
Вардар како тим може да се гордее со многу успеси :
– 4x вице-шампион во Националната лига (2014/2015, 2015/2016, 2016/2017, 2017/2018)
– 2x победник на националниот куп (2015, 2017)
– 1x финалист на националниот куп (2016)
– 3х учества на меѓународни европски купови
– Организатор на моментално најсилниот интернационален кугларски турнир во Македонија – “8 Септември” на кој учествуваа нај елитни кугларски клубови од Балканот.
Блескавата иднина на нашите куглари од овој тим е веќе загарантирана. Нивната напорна работа и посветеност ги наградува со високи пласмани и успеси, со кои можеме да се гордееме и ние како држава. Семејството Димитровски се химната на Македонското куглање во моментов, како и други кугларски семејства во минатото. Нивната фамилијарна љубов се сведува на една страст –куглањето.
извор:http://bregalnicki.mk