Зад нас е уште една сезона во првенството на повозрасните младински категории. Како што е познато, единствено помладите пионери на Вардар успеаа да освојат трофеј во својата возрасна категории и тоа во првенството.
Што се однесува до бројот на постигнати и примени голови, тука доминиравме во некои статистички податоци. Интересно Кадетите ја имаа најдобрата одбрана и напад во лигата. Тие примија само 18 голови, што е за еден гол помалку од екипата на Шкендија, која пак успеа да стане шампион. Исто така бевме и најефикасна екипа, со 67 постигнати голови. Младинците пак имаа исто така најдобар напад во лигата, успевајќи да постигнат 77 голови. Да потсетиме дека имавме најдобри стрелци и во кадетската и младинската лига.
Помладите пионери очекувано покрај освоеното прво место можат исто така да се пофалат со податокот дека имаа најефикасен напад, со 85 погодоци, како и убедливо најдобра одбрана со 17 примени голови. Пионерите пак имаа втор најдобар напад во лигата, постигнувајќи 66 голови.