Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Втора контролка за Вардар во подготовките за НБЦ-купот и тоа “дерби“ со КК Работнички
КУГЛАЊЕ! Втора контролка за Вардар во подготовките за НБЦ-купот и тоа “дерби“ со КК Работнички

КУГЛАЊЕ! Втора контролка за Вардар во подготовките за НБЦ-купот и тоа “дерби“ со КК Работнички

Денес е закажана втората контролка во летните подготовки на нашиот кугларски тим. Втор противник е тимот со кој секој меч е дерби екипата на КК Работнички. Мечот е закажан денес со почеток во 18-00 часот.

Црвено- црните и тимот на Работнички својот денешен дуел ќе го одиграат во кугларницата при Спортскиот Центар Борис Трајковски во Скопје. Ова е дуел на два македонски преставници во европските кугларски купови. Нашиот кугларски колектив како што е познато ги одработува подготовките за НБЦ-купот во Австрија на крајот од месецот ,а тимот на  КК Работнички е македонски преставник во кугларскиот “Европа Куп“. Во првата контролка  Вардар  во кугларницата “Мусандра“ се сретна со тимот на КК ГТЦ -Скопје тоа  беше дуел на двата македонски преставници на НБЦ Купот. Тогаш нашите момци победија со   соборени 3.423 кегли ,а имаат зад себе шест најдобри резултати од осум. Најистакнати поединци во нашиот табор на тој дуел беа : Димитар Димитровски со 629, Бојан Влаќевски 568, Дарко Димовски 567 со што ја покажаа својата завидна форма постигната низ долгиот тренежен процес кој почна на 6-ти август со првиот собир на екипата.

За подсетување пролетва во директен дуел со екипата на КК Работнички кој беше аспирантот за вицешампионското место  Вардар го покажа сиот свој квалитет за максимална доминација и убедлива победа од 7-1 и 341 разлика во соборени кегли. Токму против Работнички ја заземавме втората позиција зад Макпетрол и ја држевме до крајот на сезоната. На овој натпревар против Работнички се  постави и нов клупски рекорд од 3572 соборени дрва.