Еден од милениците на Комити во моменталниот состав на фудбалскиот тим Влатко Грозданоски на мечот со кипарски АПОЕЛ во Скопје заработи повреда. Нашата 87-ца имаше проблем со здобиен удар во пределот на коленицата и од истиот удар настана повреда која мораше да се санира во изминатиот период.
Повредата полека станува минато за нашиот фудбалер кој тренира и работи заедно со остатокот од екипата. Се очекува наскоро Гроданоски да се стави на располагање на шефот на стручниот штаб на црвено – црните Гоце Седолоски. Според последните информации кои стигат до нас ако се биде како што треба, се очекува враќање на натпреварите против Работнички кој следат во Супер-Купот и првенството на земјава. Одлична вест е враќањето од повреда и тоа во вистински момент кога следи серија од повеќе натпревари кој ќе се играат за краток временски интервал. Според распоредот следат 5 меча за половина месец во три различни натпреварувања каде ќе треба поголема ротација во тимот бидејќи на секој трет ден ќе има нов меч за црвено – црните момци.