Во сабота рано наутро нашиот тим заминува со авион за Франција, каде во недела силите ќе ги одмери со тимот на Монпелје, во првото коло од Лигата на Шампионите. Тренерот на Вардар Раул Гонзалез, одлучи за Франција да тргне со тројца голмани, дознава Вардар фанс. Но едно е јасно, еден од овие тројца голмани, ќе отпадне, односно ќе го проследи натпрварот од трибините.
Инаку повикани голамани се: Штербик – Ангелов – Милиќ.
Фото: rkvardar.mk