Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Да продолжи победничката низа и во Боговиње!
Да продолжи победничката низа и во Боговиње!

Да продолжи победничката низа и во Боговиње!

Во недела нашиот Црвено – Црн тим и гостува на секогаш незгодниот противник за нив, тимот на тетовска Ренова. Сите знаеме во минатото какви проблеми ни има зададено овој тим, посебно го паметиме оној дуел од Купот на РМ, кога испаднавме од овој тим, по една лоша игра на гостинскиот меч. Овој пат Ренова повторно е домаќин, но овој пат Вардарци ќе ги пречекаат на стадионот во Село Боговиње. Не паметиме кога последен пат Ренова го пречекала Вардар на овој стадион, но ајде…. одиме на победа секаде, ние сме Вардар!

Натпреварот започнува во 15 часот и 30 минути, а Вардар ќе ја брка петтата победа во низа, и уште еднаш да докаже кој е кој во ПМФЛ. Нека се повтори играта со Турново. (На овој меч ќе недостасуваат Грозданоски и Ромеро)

Фото: fkvardar.mk