Вардар во рамките на седмото коло од првата лига во недела гостува кај тимот на Ренова која бидејќи не може да игра на својот домашен терен кој се реновира како алтернатива го одбра шарпланинското село Боговиње.
Мечот ќе се игра на теренот на тимот кој беше кратко во ПМФЛ и сегашен второлигаш екипата на ФК Дрита. Од овој меч како што добивме предмалку информација од клубот ќе може љубителите на фудбалот и навивачите на црвено – црните да следат директен пренос преку видео стрим на официјалниот ју туб канал на ФК Вардар. Мечот е закажан со почеток во 15часот и 30 минути кога и ќе почне со работа видео-стримот. Вардар влегува како апсолутен фаворит против “гипсарите“ и освен победа и погодоци не очекуваме друго нешто да проследиме низ овој видео пренос.
фото:фквардар.мк