Вчера во 6.коло од МКЛ се одигаа интересни дуели на двете црвено-црни екипи. Вардар(А) го победи во дербито Пелистер со 7-1 и се доближува кон зацврстување на втората позиција. Голема помош имаше и од Вардар(Б) кој одигра реми со другиот конкурент за „сребрената„ позиција екипата на КК ГТЦ Мусандра.
Вардарци имаа водство речиси до последните фрлања, но жилавиот противник успеа на крајот да обезбеди резултатска симетрија. Дуелот заврши со резултат 4:4, нашиот ривал КК ГТЦ беше фаворит на оваа средба. Во дуели црвено-црните имаа четири победи наспроти двете на противникот кој изедначи со двата поена за вкупен број на соборени „дрва“. Двата тима имаа по 12.освени сетови на овој дуел.
Кај нас најдобар скор имаше Тодоровски кој впиша 555 „соборени дрва“, потоа зад него беше Гиевски Влатко кој собори 538 чуњеви. Покрај нив двајца поенираа за црвено-црните на овој дуел и двоецот Митиќ.