Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Кугларите на Вардар поразени во дербито од КК Макпетрол

Кугларите на Вардар поразени во дербито од КК Макпетрол

 

45На дербито во Кугларската лига на Македонија тимот кој е долги години последователен шампион на Македонија во куглање во неизвесен дуел ја однесе победата над нашиот КК Вардар . И ако Вардар прокнижи пораз треба да им се честита за залагањето на овој тим кој во ваков формат фунционира од лани против искусниот противник кој децениа и пол владее со Македонското куглање . Дуелот се одржа во кугларата на Спортскиот Центар Борис Трајковски .

Долгоочекуваното дерби помеѓу КК Вардар 2014 и КК Макпетрол максимално го оправда епитетот и очекувањата. Конечно после долги години без вистинско дерби во кугларската лига и огромната доминација на КК Макпетрол, се случија вистински возбудувања и незивесност на кугларските патеки. Дуелот сосема заслужено го доби актуелниот шампион, екипата на КК Макпетрол, иако немаше да биде незаслужено и доколку тримфираше екипата на КК Вардар.

Натпреварот заврши со конечен резултат од 6 – 2 во корист на КК Макпетрол.Треба да се напомене дека речиси сите дуели беа неизвесни до последните кугли, и на моменти среќата одлучуваше за победникот во тие дуели. На овој натпревар настапи и Бојан Влаќевски за КК Вардар 2014, кој беше долго оспоруван при неговиот трансфер од КК Макпетрол. И веднаш на дербито против својот довчерашен клуб ги оправда очекувањата и донесе поен за својата нова екипа. Со овој пораз, КК Вардар 2014 моментално падна на 4 позиција на табелата, и посакуваното 2 место во лигата ќе го бара во директните дуели со другите аспиранти како екипата на КК ГТЦ и КК Работнички, натпревари на кои КК Вардар 2014 ќе биде домаќин.