Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар стартува официјално со подготовки на први август
КУГЛАЊЕ! Вардар стартува официјално со подготовки на први август

КУГЛАЊЕ! Вардар стартува официјално со подготовки на први август

Црвено-црниот кугларски колектив со своите подготовки официјално стартува на  први следниот месец. Први август е ден кога и официјално кугларскиот клуб Вардар ќе ги отпочне подготовките за новата натпреварувачка сезона 2016/2017 . Сепак избраниците на Драги Димитровски  веќе две недели активно имаат тренинзи во кугларницата “Мусандра“ каде се стационирани моментално бидејќи нивната матична куглана во спортскиот центар “Борис Трајковски“ не е во фунција за време на летниот период. Играчите на кугларскиот клуб Вардар се подготвуват за силен турнир во Бања Лука- Република Српска (БиХ) кој е закажан за на 27-ми август .

Официјално е потврдено учеството на нашите црвено-црни куглари на “Светскиот куп“. Откако како што претходно беше познато вардарци се подготвуваа за овој настан требаше да се официјализира истиот. Одговорните во клубот пратија соодветна апликација до Светската федерација за куглање (FIQ NBC ), а истата официјално потврди дека ние сме учесници на овогоднешното издание на овој европски турнир каде има   квалитетно куглање. Подготовките годинава ќе почнат  порано од вообичајно, причина е овој силен турнир и веќе подигнатата натпреварувачка форма која мора во континуитет да се одржава за следните предизвици. Момците заминуваат во четврток на 25 следниот месец за Босна и Херцеговина. Овој силен турнир е подготвителен за нас и другите тимови за предизвиците во кугларска Европа оваа есен. Повод по кој се организира овој турнир е дваесет годишнината од формирањето на актуелниот шампион на БиХ. Вардарци ќе учествуваат на истиот со домаќинот КК Ревита, српскиот шампион КК Белград и репрезентацијата на Словенија. Турнирот ќе се игра на 28-ми идниот месец. Интересен факт е што сите три екипи ( словенската репрезентација нормално “не“ ) се учесници на силниот европски предизвик “Светскиот куп-2016’’ кој ќе се игра во Болчано, Италија.