Sunday ,16 June 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Влатко Колев: Очекувањата се секогаш големи, Вардар треба секогаш да стреми кон највисокото место
Влатко Колев: Очекувањата се секогаш големи, Вардар треба секогаш да стреми кон највисокото место

Влатко Колев: Очекувањата се секогаш големи, Вардар треба секогаш да стреми кон највисокото место

  • Веќе се во тек подготовките на кадетите за новата натпреварувачка сезона. Екипата предводена од Влатко Колев има најчесто по еден тренинг кој се одработува во вечерниот термин. Засега нема промени во играчкиот кадар на оваа генерација,која во новата сезона треба да атакува на првото место. Тренерот Колев за нашиот сајт кажа како течат подготовките и кои се очекувањата за новата сезона

     -Подготовките течат во нормален тек. Се тренира во вечерните часови, тоа ни го дозволува новиот тренинг центар кој е по европски стандарди. На тренинзите паралелно се работи, како на физичка така и на техничко-тактичка подготовка на екипата. Очекувањата се секогаш големи, Вардар треба секогаш да стреми кон највисокото место. Тоа на сите им е јасно, а особено на моите играчи. Вардар е најголем клуб во нашата земја од секоја гледна точка, така да само успехот се вреднува. Со макотрпна работа и труд, истиот е неизбежен, изјави Влатко Колев за нашиот сајт.

Звонко Ивановски