Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одмор за Вардар по дуелите со Динамо
Одмор за Вардар по дуелите со Динамо

Одмор за Вардар по дуелите со Динамо

Вардарци по двомечот со Динамо од Загреб добија мини одмор од четири дена. Овој мини одмор сите играчи го користат да заминат на некој краток одмор. Вардарци својот нов старт, овој пат за настапите во ПМФЛ ќе го имаат во понеделник напладне. Тренерот Седлоски во понеделник стандардно ќе одржи тренинг во населбата Хиподром. Во понеделник со тимот треба да биде и Барсегјан, кој не настапи на дуелите против Динамо.

Исто така, во понеделник, нашиот тим ќе го дознае својот противник во 1/16 финалето од Купот на Македонија и целиот свој распоред на одигрување на натпреварите од првата македонска фудбалска лига. ПМФЛ треба да стартува на средина на месецот август, како и секоја година.