Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре го дознаваме распоредот за ПМФЛ и противникот во Купот
Утре го дознаваме распоредот за ПМФЛ и противникот во Купот

Утре го дознаваме распоредот за ПМФЛ и противникот во Купот

Утре напладне, во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија ќе се одржи извлекувањето на паровите за престојната сезона во првата македонска фудбалска лига. Нашиот ФК Вардар ќе ги дознае сите свои противници во ПМФЛ, но исто така и ќе го дознае својот противник во 1/16 финалето од Купот на Македонија.

Како и минатата година, најпрвин ќе започне 1/16 финалето од Купот, а по една недела ќе започнат и возбудувањата во ПМФЛ. Минатата сезона нашиот тим во 1/16 финалето го мина тимот на Кожуф со резултат 1-0, а во првото коло се судривме со тетовска Шкендија, на која и нанесовме пораз од 3-1 во Куманово се одигра тој меч. За мало потсетување, првиот домашен дуел ќе го одиграме пред празни трибини поради казната од минатата сезона.