Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пред три години Вардар загуби од Стеауа на домашен терен со резултат (2-1)
Пред три години Вардар загуби од Стеауа на домашен терен со резултат (2-1)

Пред три години Вардар загуби од Стеауа на домашен терен со резултат (2-1)

На 23 јули 2013 година ФК Вардар го одигра возвратниот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против романскиот првак, екипата на Стеауа од Букурешт. Нашиот тим во Скопје го пречека романскиот тим со негативо од 3-0 стекната на првиот меч во Букурешт.

На возвратниот меч во 2013 година, Вардарци загубија со резултат 1-2, голот за нашиот тим го постигна Јован Костовски во 45 минута од натпреварот. Вардар на тој натпревар настапи во следниот состав: Павловиќ, Таневски, Бојовиќ, Рељиќ, Цикарски, Петровиќ, Темелков, Хименез, Стојков, Петров и Костовски. На клупата беа: Георгиев, Захов, Маневски, Симјановски, Димитровски, Ацески и Лазаревски. Тренер на екипата беше Благоја Милевски.