Членовите на кугларскиот тим Вардар, оваа сезона влегоа во Македонската кугларска лига-МКЛ ослабнати со неколку заминувања и со послаб персонален состав од лани, но со исти амбиции. Целта беше “сребрената“ позиција, вице-првак зад богатиот тим на шеснаесет кратниот шампион, КК Макпетрол, а пред сите други тимови во земјава.
Машки тие ја одиграа сезонава се бореа лавовски и успаа да дојдат до таа посакувана позиција. Во продолжение малку статистика за оваа успешна сезона. КК Вардар сезоната ја заврши со 10 победи од 15 дуела, или победуваме на два меча од три одиграни оваа сезона, што е одлично за овој ростер. Имавме позитива од 50,5 освоени сетови на овие 15 меча или сетови или 3,40 повеќе по одигран натпревар. Вкупно 18 пати имавме играчи во топ-6 листата на колото. Соборивме вкупно сезонава 48. 317 “дрва“ на натпреварите, или во просек 3222, со напомена дека два дуела од овие 15 се играни во кугланата во Битола. На наше конто сезонава имаме 205 освоени сета, или во просек на дуел добивавме 13, 70 сета по натпревар.
Состав: Димитровски, Ристевски, Поп-Крстев, Згонц, Димовски (к), Митиќ, Гиевски, Тодоровски и Стојановски. Тренер: Драги Димитровски.
Кога сме кај партиципирање на нашите играчи во идеалниот тим лидер е младиот Георг Поп-Крстев. Најмладиот вардарец има пет места во идеалната топ-6 постава на колото, од кои четири оваа пролет. Тој покажа квалитет оваа сезона достоен за почит. Веднаш зад него со по четири места во топ-6 листите се капитенот Миле Димковски кои е константен играч и оваа сезона одличниот Влатко Стојановски. Коста Ристевски кој воедно е во топ-10 поединечни просеци на сезоната ( со просек од 555,1) има две места во идеалниот тим, колку што впиша и Дарко Димитровски. Еднаш дел од “идеалните“ беше и искусниот М. Згонц.