Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Турнирот “Драган Манце Куп 2018“, прво меѓународно искуство за генер. “2009“ и “2010“ на ФК Вардар, покрај нив ќе се натпреварува и генер. “2007“
Турнирот “Драган Манце Куп 2018“, прво меѓународно искуство за генер. “2009“ и “2010“ на ФК Вардар, покрај нив ќе се натпреварува и генер. “2007“

Турнирот “Драган Манце Куп 2018“, прво меѓународно искуство за генер. “2009“ и “2010“ на ФК Вардар, покрај нив ќе се натпреварува и генер. “2007“

Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар, во периодот од 15-17-ти јуни ќе бидат дел од силен меѓународен турнир, “Драган Манце Куп 2018“ во Белград. Натпреварите ќе се играат на стадионот “СЦ Телеоптик-Партизан.

Генерацијата родени “2010“ предводени од Зоран Петковски се дел од групата Б, заедно со екипите на Балкан Муријево, Омладинац и Црвенка. Турнирот го отвараме во петок, со натпревар против екипата на Црвенка, додека истиот ден ќе одиграме дуел и против екипата на Балкан.

Генерацијата родени “2009“  година под водство на Златко Таневски ќе се натпреваруваат во групата Ц, со екипите на Олимпик, Омладинац и Софех. Во првото коло, кое на програмата е во петок се среќаваме со екипата на Омладинац, додека истиот ден за противник ја имаме екипата на Олимпик.

Генерацијата родени “2007“ година ќе бидат дел од групата Ц, во која се уште и екипите на Винер, Радник Урије, Фри Кик и Раднички НП. Турнирот го отвараме со дуел против екипата на Винер.

Ова ќе биде прво меѓународно искуство за генерациите на Вардар, родени “2009“ и “2010“ година, кои за прв пат оваа сезона настапија и во детската лига. Завршните натпревари ќе бидат пренесувани на каналите на Спорт Клуб, кој е медиумски покровител на овој турнир.