Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2003“ ја одбрани титулата во регионалната-скопска лига и освои силен меѓународен турнир во Бугарија
ФК Вардар генер. “2003“ ја одбрани титулата во регионалната-скопска лига и освои силен меѓународен турнир во Бугарија

ФК Вардар генер. “2003“ ја одбрани титулата во регионалната-скопска лига и освои силен меѓународен турнир во Бугарија

Втора сезона по ред, генерацијата на ФК Вардар успеа да ја освои регионалната-скопска лига. Во сезоната која е пред нас, црвено-црните предводени од “Чунга Лунга“ стигнаа до првото место и одбрана на шампионската титула. Одигравме вкупно 24 натпревари, на кои остваривме 19 победи, 3 нерешени резултати и 2 порази. Постигнавме неверојатни 103 голови, што е најмногу за една екипа оваа сезона во младинските фудбалски категории, додека примивме само 11 погодоци. Имавме и убедливи победи изразени со двоцифрена разлика, а во лигата завршивме пред најголемиот конкурент, тимот на Шкендија.

725-660x330

Во продолжение од текстот ви ги презентираме сите резултати на ФК Вардар генерација “2003“:

1 коло: Вардар – Работнички 1:1

2 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 1:6

3 коло: Вардар – Шкупи 4:0

4 коло: Њу Старс – Вардар 0:4

5 коло: Вардар – Форца 3:0 ( службено)

6 коло: Вардар – Милано 4:0

7 коло: Скопје – Вардар 1:6

8 коло: Вардар – Шкендија 1:2

297

9 коло: Работнички – Вардар 0:5

10 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 9:0

11 коло: Шкупи – Вардар 0:3

12 коло: Вардар – Њу Старс 4:0

13 коло: Форца – Вардар 0:15

14 коло: Вардар – Скопје 5:1

15 коло: Милано - Вардар 0:1

16 коло: Вардар – Шкендија 1:0

17 коло: Вардар – Работнички 1:1

18 коло: Македонија Ѓ.П - Вардар 1:4

19 коло: Вардар – Шкупи 6:0

20 коло: Њу Старс – Вардар 1:3

21 коло: Вардар – Форца 10:0

22 коло: Скопје – Вардар 0:6

23 коло: Вардар – Милано 0:0

24 коло: Шкендија – Вардар 2:0

За жал не успеавме да го одбраниме трофејот во купот, каде бевме елиминирани во полуфиналето од екипата на Академија Пандев.

1/4 финале: Вардар – Шкендија 3:1

1/4 финале реванш: Шкендија – Вардар 0:0

1/2 финале: Академија Пандев – Вардар 0:0

1/2 финале реванш: Вардар – Академија Пандев 1:2

Најдобар стрелец во оваа генерација беше Александро Прелоговски, кој постигна 14 голови. Ова се играчите кои се запишаа во листата на стрелци, на мечевите кај оваа екипа во двете натпреварувања ( лига и куп).

542

1. Александро Прелоговски 14

2. Антонио Мирков 13

3. Лео Андрески 12

4. Георг Стојановски 9

5. Влатко Стојановски, Дарио Јовановски по 8

6. Дарко Младеновиќ 7

7. Петар Давидовски, Марио Петрушевски 6

8. Алек Сељанац 5

9. Филип Ѓорѓоски 4

10. Димче Мешковски 2

11. Харун Алими, Сулејман Исмаили, Никола Павлески, Дамјан Марковски, Бесар Гуџуфи, Абдула Хасани по 1 гол.

На силниот меѓународен турнир во Бугарија “Пирин Куп“ го освоивме првото место. Ова се сите постигнати резултати на црвено-црните на овој турнир:

96-660x330

1 коло: Вардар – Панасераикос 2:0

2 коло: Вардар – ЦСКА Софија 3:1

3 коло: Вардар – Черно Море 2:0

Полуфинале: Вардар – Анистон 1:0

ФИНАЛЕ: Вардар – ЦСКА Софија 1:1 ( пенали 6:4).

ФК Вардар генер. “2003“: Лука Стојковски, Гоце Јовчев, Рамадани,  Дарко Трпезановски, Филип Ѓорѓоски, Алек Сељанац, Петар Давидовски (c), Влатко Стојановски, Димче Мешковски, Дамјан Марковски, Абдула Хасани, Георг Стојановски, Дарио Јовановски, Марио Петрушевски, Антонио Мирков, Харун Алими, Сулејман Исмаили, Лео Андрески, Александар Прелоговски, Дарко Младеновиќ, Благоја Јаневски, Бојан Петковски, Петре Тасески.