Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > По одиграните две финалиња познати шампионите во генер.2003 и 2005 во Кошаркарската лига “Вардар“
По одиграните две финалиња познати шампионите во генер.2003 и 2005 во Кошаркарската лига “Вардар“
КК Ангели

По одиграните две финалиња познати шампионите во генер.2003 и 2005 во Кошаркарската лига “Вардар“

Конечно ги добивме двата први шампиони во првата сезона од големиот проект на црвено-црниот кошаркарски колектив-Младинската кошаркарска лига “Вардар“. По вчерашните дуели кои се одиграа во малата сала “Кале“ во Скопје ги дознавме шампионите во две генерации, станува збор за момците родени 2003 и помали и генерација родени 2005 година и помлади момци.

111111

КК ФМП Академија

Во повозрасната категорија, односно генер.2003 година до големиот пехар дојде тимот на КК Ангели, тие во финалето ја совладаа екипата на КК МВП Скопје, која покрај добриот настап на завршниот Ф4 турнир мораше да се задоволи со “среброто“ во оваа категорија. Кај помладите, генерација 2005 големиот пехар замина во рацете на тимот на  КК ФМП Академија. Тие одиграа одлично во клучниот дуел за злато и ја совладаа екипата на домашниот тим на КК Вардар.