Со првиот тренинг добиваме јасна слика околу тоа кој ќе остане, а кој веќе дефинитивно заврши со Вардар. На првата прозивка се појавија искусниот дефанзивец Евгениј Новак, потоа играчот од средината на теренот Марковиќ, кој беше нејасно дали ќе остане, како и “сигурните” Битанг, Барсегјан, Гачевски, Попов и Максимов.
Со останувањето во тимот на Новак, сега Вардар ќе треба да бара само уште еден централен дефанзивец, како што посочи и тренерот Бабунски. Тука се и Попов, па и новиот играч Најдовски, кој исто така добро може да одговори на позицијата централен дефанзивец.
Од друга страна, со како што рековме веројатното останување на Марковиќ и доведувањето на Јуфо и Мицевски, Вардар ќе тргне во целосна офанзива по крилни играчи, како и централен напаѓач, кој ќе се бори за место во тимот заедно со Максим Максимов.
Во овој момент Вардар води интензивни преговори со Тамбе.