Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Ќе има директен пренос преку стрим од вардаровиот турнир “8-ми септември“
Куглање! Ќе има директен пренос преку стрим од  вардаровиот  турнир “8-ми септември“

Куглање! Ќе има директен пренос преку стрим од вардаровиот турнир “8-ми септември“

Како што веќе неколку пати ве запознавме по повод денот на независноста на Република  Македонија ќе се организира силен меѓународен кугларски турнир “8-ми Септмври”.  Истиот ќе биде во целосна организација на кугларскиот клуб Вардар, ова е прв ваков турнир со желба и тенденција да стане традиционален во иднина. Овој турнир е потпомогнат од Град Скопје и серија други помагатели. Досега сите етапи на подготовки вардарци ги прават на високо ниво, тие успеаа да обезбедат шанса за широките народни маси да ги гледаат случувањата на истиот.

kugla

Организаторите успеаа да добијат поддршка за проектот од МОК-македонскиот олимписки комитет и да договорат меѓусебна соработка околу преносот на настанот. Па така целиот турнир од отворањето официјалниот дел, затворањето на истиот и наградите ќе иде низ директен пренос. Преносот ќе  може да се следи низ видео стрим на каналот на МОК, за линк за истиот дополнително ќе ве известиме пред самиот почеток на турнирот.