Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Арпад Штербик: Горење е подобра екипа, конечниот резултат од 13 гола разлика мислам дека не е реален
Арпад Штербик: Горење е подобра екипа, конечниот резултат од 13 гола разлика мислам дека не е реален

Арпад Штербик: Горење е подобра екипа, конечниот резултат од 13 гола разлика мислам дека не е реален

Актуелниот освојувач на СЕХА-лигата стигна до уште една нова победа во ова натпреварување, втора за црвено-црните после триумфот против Металург во првото коло. Вчера во С.Ц. Јане Сандански убедливо го совладавме тимот на Горење Велење (32:19) и најавивме дека и ова сезона ќе бидеме најголем претедент за одбрана на тгрофејот во оваа лига. За разлика од првиот дуел против Металург, каде стартер на голот беше Страхиња Милиќ, мечот со Горење помеѓу стативите го започна Арпад Штербик кој го заврши дуелот со 8 успешни интервенции, иако шанса во вториот дел доби и Милиќ. За СЕХА-лигата, Штербик изјави дека можеби конечниот резултат не е реален, но дека неговата екипа покажала карактер во моментите кога Горење го израмнил резултатот.

-Конечниот резултат од 13 гола разлика мислам дека не е реален и дека Горење е подобра екипа од тоа што го покажува овој резултат. Можеме да бидеме задоволни  со некои работи, дека одевме до крај, а имавме неколку падови во текот на мечот. Тоа малку ме нервираше, бидејќи водевме на стартот 6:1, за во еден момент Горење да го искористи нашиот лош период и да го израмни резултатот. Имаме уште една утакмица пред натпреварите од лигата на шампионите. Во петок ни гостува екипата на Брест Мешков која е квалитетна екипа и мора сериозно да влеземе во овој дуел. Мислам дека Горење игра се подобро, тоа го прикажаа и во првото коло против Целје, а имаа и добри моменти против нас. Сигурно ќе ни биде поопасен противник на гостувањето во Словенија, изјави Штербик.