Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез: Задоволен сум од прикажаната игра на моите играчи
Гонзалез: Задоволен сум од прикажаната игра на моите играчи

Гонзалез: Задоволен сум од прикажаната игра на моите играчи

Ракометарите на Вардар стигнаа до втората победа во СЕХА лигата, вчера подобар тим бевме од Горење. Само во еден мал период од играта му дозволивме на противникот за кратко да ја има предноста, а потоа црвено-црните го вратија водството и како одминуваше мечот само го зголемуваа, за на крајот конечниот резултат да гласи 32:19. По натпреварот тренерот на Вардар, Раул Гонзалез на прес – конференцијата изјави:

-Задоволен сум од прикажаната игра на моите играчи. Натпреварот го отворивме добро, Штербик имаше серија на одбрани, но потоа паднавме и му дозволивме на противникот да го намали нашето водство. Во вториот дел нашата игра и во нападот и во одбранат беше на ниво и на крај стигнавме до убедлива победа. Го разбирам тренерот Бабиќ бидејќи има многу нови играчи, изјави Гонзалез.