Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нови настапи на четворица играчи на Вардар
Нови настапи на четворица играчи на Вардар

Нови настапи на четворица играчи на Вардар

Четворица играчи од редовите на Вардар забележаа нови настапи. Дарко Велковски, Висар Муслиу и Бобан Николов запишаа уште еден натпревар крај своето има во репрезентација на Македонија која за жал не успеа да ја порази Албанија иако имаше голем број на шанси во текот на целиот меч. Покрај нив, Петар Петковски настапи за селекцијата до 21 година на гостувањето во Ерменија.

Велковски и Муслиу одновно во стоперски тандем ги одиграа целите 90. минути, Николов и на овој натпревар беше заменет, овој пат во 58. минута, Петковски пак влезе во игра во 82. минута.

Џигаури на вчерашниот натпревар за репрезентацијата на Грузија не доби шанса која одигра 1:1 на гостувањето во Австрија.