Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Брумен: Вардар заслужено победи, прекрасно е чуството да се вратиш во Скопје
Брумен: Вардар заслужено победи, прекрасно е чуството да се вратиш во Скопје

Брумен: Вардар заслужено победи, прекрасно е чуството да се вратиш во Скопје

Вардар ја оправда улогата на фаворит и пред својата публика издвојува убедлива победа против екипата на Горење Велење. Конечниот резултат на овој меч гласеше 32:19, а црвено-црните имаа предност од еден гол и по првото полувреме (12:11). Најефикасен во нашиот состав беше Иван Чупиќ со 5 погодоци, додека кај противникот се истакна поранешниот вардарец, Матјаж Брумен кој го заврши натпреварот со 6 постигнати голови. Брумен истакна дека Вардар заслужено победил и дека се радува на враќањето во Скопје.

-Честитки до екипата на Вардар која беше подобра и доминантна посебно во второто полувреме и на крајот заслужено победи. Ние мора да ја подобриме играта, особено против екипи како што е Вардар не можеш да правиш толку грешки и на крај да се надеваш на поволен резултат. Ќе ја чекаме шансата на наредните натпревари во СЕХА-лигата. Прекрасно е чуството да се вратиш во Скопје, благодарам за фантастичната атмосфера, рече Брумен.