Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мукаетов: Голема благодарност до Гонзалес и Самсоненко, кои излегоа во пресрет на репрезентацијата
Мукаетов: Голема благодарност до Гонзалес и Самсоненко, кои излегоа во пресрет на репрезентацијата

Мукаетов: Голема благодарност до Гонзалес и Самсоненко, кои излегоа во пресрет на репрезентацијата

Денес во просториите на ракометната федерација на Македонија се одржа седница на која се зборуваше за настапот на Македонската ракометна репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2018 година. Македонија предводена од тренерот на Вардар, Раул Гонзалес за прв пат успеа да освои прво место во еден квалификациски циклус. Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов изрази благодарност до Раул Гонзалес и Сергеј Самсоненко за подадената рака.

-Го поздравувам успехот и она што го постигнавме во квалификациите за ЕП. Резултат за пофалба не само на играчите и стручниот штаб, туку и на сите кои беа вклучени во организацијата и работата во циклусот. Но не чека уште многу работа. Во овој момент е потребна уште поголема поддршка и мобилизација за да се помогне и во Хрватска да се претставиме во најдобро светло.

Голема благодарност и за Раул Гонзалес и Сергеј Самсоненко и Вардар, кои излегоа во пресрет и во еден многу важен период за клубот, особено Раул се стави на располагање и на македонскиот национален тим и постигна голем успех”, изјави првиот човек на РФМ