Заврши и вториот круг во Македонската кугларска лига, по крајот на 10-то коло шампионот Макпетрол е лидер, а на втората позиција со еднакви бодови и со меч помалку од двојниот шампион е КК ГТЦ Мусандра и нашиот кугларски клуб Вардар.
Моментално е пауза во македонската кугларска лига пред следниот трет и воедно последен круг. Викендов екипата на КК Хераклеа која има три меча помалку ќе одигра со КК ГТЦ Мисандра и КК Империал Тобако. Следната сабота ќе го одиграат заостанатиот меч со црвено-црните во Скопје. Потоа веднаш ќе почне третиот круг од МКЛ.
Вардарци денес како и во изминатиот период вредно се подготвуваат за третиот круг во кој ќе водат битка за втората позиција со КК ГТЦ. Тренерот Драги Димитровски го подготвува тимот вредно и предпазливо за финалните предизвици од лигата и Купот кој следи оваа пролет. Тој работи со сениорите и јуниорите пренесувајќи им го неговото знаење и искуство на неговите пулени.