Веќе е зад нас зимската пауза и во машката ракометна Вип Супер лига, таа стартува денес со два меча еден во Скопје еден во Охрид. Нашиот втор сениорски колектив екипата на Вардар Јуниор стартува со пролетниот дел во недела.
Момците на Стојан Петрушевски гостуваат во недела на 5-ти март кај екипата на ГРК Борец. Велешани ќе не пречекат во Спортската сала „Парк“ позната и како Сала Гемиџии со почеток во 19-00 часот. На програмата во најсилната машка ракометна конкуренција викендов е 15.коло. Првиот меч во Кале заврши со нерешен резултат 31:31. По есенскиот дел црвено-црните момци завршија како претпоследни со три победи две реми исходи и “собраа“ 11 бода од 14.кола.