По одиграното 9то коло во Македонската кугларска лига и убедливата победа над КК Империал Тобако нашите Црвено-Црни куглари напредуваа на табелата . Огромната и убедлива победа со 8:0 не остана незабележана па во идеалниот Топ 6 за изминатото колото во кугларската лига дури 4ца преставници се од КК Вардар .Прв на листата од 6 куглари на колото е Димитровски Димитар играч, а воедно и претседател на нашиот Кугларскиот Клуб Вардар . Во иделаните покрај нашите 4 имаше место и за уште двајца куглари од Шампионот КК Макпетрол Скопје . Иделниот топ 6 за 9то коло од Македонската кугларска лига неделава изгледа вака :
1.Димитар Димитровски (КК Вардар ) – 618 соборени кегли
2.Ибрахим Мемеди (КК Макпетрол) – 596 соборени кегли
3.Миле Димковски (КК Вардар ) – 588 соборени кегли
4.Бојан Влаќевски (КК Вардар ) – 588 соборени кегли
5.Александар Соколовски (КК Макпетрол) – 579 соборени кегли
6.Младен Донковски (КК Вардар ) – 575 соборени кегли